ОЈО: Предложен притвор за синот кој го уби таткото во Црниче

Од:

Основното јавно обвинителство Скопје вечерва соопшти дека е поднесен предлог за определување мерка притвор за синот кој смртно го рани својот татко во семејна расправија што се случи вчера во скопската населба Црниче.

– Надлежниот обвинител ценеше дека се исполнети сите законски основи за предлогот и тоа постоење на услови за бегство на осомничениот, за вршење на влијание врз сведоци, а утврдена е и опасност за повторување на делото особено што осомничениот упатувал вербални закани кон друго лице, се наведува во соопштението од ОЈО.

Убиството се случи вчера во 22 часот во скопската населба Црниче кога 41-годишниот син без повод и причина го нападнал и смртно го повредил татко си. Сторителот се качил на вториот кат од семејниот дом каде живеел неговиот татко со сопругата, ја откорнал влезната врата и влегол внатре по што со нож го нападнал таткото кој бил тешко подвижен, нанесувајќи му убодни рани во абдоменот и смртна рана во градниот кош. Осомничениот упатил и вербални закани кон мајката која успеала да се засолни и да го алармира соседството. По нападот, осомничениот избегал. Поради самоповредување осомничениот подоцна се јавил во медицинска установа за помош, каде е и лишен од слобода.

– Постапувајќи по предметот, јавниот обвинител донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против едно лице за сторено кривично дело – Убиство, сторено при вршење на семејно насилство, од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. За ова кривично дело законот предвидува казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор, посочува ОЈО, додавајќи дека се преземаат бројни дејствија со цел да се расветли убиството.

Би можело да ве интересира

Пијан скопјанец пред сопругата и децата пукал и тешко ранил познаник

Скопјанец пријавил сексуално злоставување на неговата малолетна ќерка

Скопјанец со нож и се заканувал на сопругата

Арсовска: Нашето Скопје треба да се сака со тоа што заедно ќе работиме да имаме поубав град

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

Скопјанка го нападнала сопругот и свекорот, па искршила дел од покуќнината