Премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху му забрани на уредникот на Ал Џезира да присуствува на семинар за слобода на говорот.
– Нетанјаху побара Валид Ал-Омари да биде исклучен од денешната конференција, чија централна тема беше слобода на говорот, се наведува во соопштението од Кабинетот на израелскиот премиер.
Нетанјаху истакна дека не се откажал од намерата да ја затвори редакцијата на Ал Џезира во Израел. Тој уште во јули најави затворање на телевизијата со образложение дека известува „подбуцнувачки“.
Израелскиот премиер побара да се преземат „легални мерки со кои би биле спречени акредитациите на сите новинари на Ал Џезира“.