„Владата на СДС со новиот закон за енергетика, ќе предивика покачување на цената на струјата за 20%.
СДС го знае тоа и затоа се обидува да ги манипулира граѓаните со наводна ефтина тарифа во период од 14 часот до 16 часот, период кој е целосно неадекватен и неискористлив за граѓаните, бидејќи граѓаните во тоа време или се на работа или ги извршуваат секојдневните обврски надвор од домот.
Воведувањето на ефтината тарифа е трошок за ЕВН кои ќе треба да прилагодат над 800.000 броила, кој трошок истите ќе го покријат со барање за покачување на цената на електричната енергија до Регулаторната комисија, па така ќарот кој граѓаните ќе го имаат со ефтината тарифа, ќе се анулира со општото покачување.
Воведувањето на евтината тарифа е и димна завеса за прикривање на ефектите кои ќе ги предизвика либерализацијата на пазарот на електрична енергија.
Либерализацијата ќе предизвика покачување на електричната енергија и до 20%, со што доколку сега плаќате 2000 денари, со либерализацијата ќе плаќате минимум 2400 денари, за исто количество потрошена енергија.
Со либерализацијата на пазарот на електрична енергија, што се предвидува со овој закон цените ќе имаат тенденција на зголемување и постепено достигање на нивото на цените во ЕУ.
За да им биде на граѓаните појасно, цената на електрична енергија во Република Македонија во последните три години е за 2,5 пати помала од просекот што го плаќаат граѓаните на земјите членки на ЕУ. Граѓаните со моменталната цена плаќаат по 5 денари киловат час електрична енергија, додека граѓаните на Европската Унијата плаќаат околу 12,5 денари за киловат час.
Цена која доколку се случи либерализацијата, ќе биде достигната за неколку години. Што буквално ќе значи доколку сега плаќате 2000 денари, со достигање на цените кои важат во ЕУ, ќе плаќате 5000 денари, за исто количество потрошена енергија.
Разликата е евидентна. Ваквото покачување на електричната енергија ќе значи удар по џебот на граѓаните, поголеми сметки и нивно целосно осиромашување.
Заради ваквата неодговорност и негрижа кон граѓаните, Заев и СДС ќе се соочат со политичка одговорност на престојните локални избори на 15 октомври“, изјави Димче Арсовски.