СДСМ: Пензионерите се оштетени само од лошото владеење на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

„Во страв од извесниот пораз на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ изгуби секаков компас и се заглави во сопствените лаги. Пензионерите се оштетени единствено од лошото владеење на Никола Груевски.

Токму од ВМРО-ДПМНЕ дека стигна признание дека владата предводена од СДСМ ќе им овозможи на пензионерите оваа година да добијат околу 2.000 денари по просечно исплатена пензија.

Со ова признание, ВМРО-ДПМНЕ потврди дека свесно ги манипулира граѓаните и пензионерите иако до пред некој ден лажеше дека се укинува покачувањето на пензии.

Јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ свесно лаже и манипулира во очаен обид да го сокрие срамот заради тоа што претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ не предвидела никакво покачување на пензиите во основниот буџет за 2017.

Новата Влада предводена од СДСМ со своето домаќинско работење, скрати од непродуктивните трошоци, од скапите реклами и богатите ручеци што ВМРО-ДПМНЕ ги имаше испланирано за трошење и тие финансиски средства ги ослободи за покачување на пензиите по основ на раст на трошоци за живот, за повисока минимална плата од 12.000 денари, за враќање на евтината дневна тарифа на струјата и за други мерки што го унапредуваат квалитетот на живот на сите граѓани.

Владата предводена од СДСМ продолжува да работи во интерес на граѓаните“, се вели во реакцијата на СДСМ на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Филипче: За насилничкото однесување на Иван Стоилковиќ СДСМ ќе поднесе интерпелација

СДСМ: Владата веднаш да ги објави анализите за водата во Гостивар

СДСМ: Мицкоски ја труе цела Македонија – По седум градови, сега и Башино Село и изворите во Елшани и Велестово во Охрид

СДСМ: По седум градови, Лепенец и Вардар – сега Рич и Белотино со загадена вода

СДСМ: Кој гарантира и кој потпиша дека водата во Гостивар е технички чиста?

СДСМ: Да се повлече законот за „Скопје 2028“, со него се легализира корупција и се заобиколуваат јавните набавки

Катерина Ѓуровски