Кумановската болница доби ново амбулатно возило, донација од „Џајка“

Од:

Јапонската агенција за меѓународна соработка „Џајка“ донираше возило за кумановската болница. На денешнто примопредавање на возилото, директорката на болницата Снежана Захариева, изјави дека по завршување на правните процедури и регистрација, возилото ќе го користат вработените за транспорт на пациенти.

– Станува збор за возило кое ги исполнува светските стандарди, поседува целосна опрема за реанимација за пружање медицинска помош во тек на транспортот на пациентите, рече Захариева.

Додаде дека донацијата е добредојдена со оглед на фактот што кумановската болница го покрива целиот североисточен регион со приближно 200.000 пациенти.

Таа се заблагодари на донацијата и истакна дека очекува и понатамошна соработка со оваа агенција која и претходно донирала за кумановската болница.

Захариева потсети дека Агенцијата донирала и апарат анестезија со кој веќе се извршени 2017 операции.

Претставник на јапонската агенција, „Џајка“, рече дека донацијата ќе послужи за големиот број пациенти во овој регион. Од „Џајка“ претходно извршиле истражувања во однос на мигрантската криза и сфатиле дека овој регион е најпогоден, па затоа одлучиле да и помогнат на државата во сравувањето со мигрантската криза.

Би можело да ве интересира

Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку – истражување за ризиците од корупција во јавните набавки во здравството

Алиу: Продолжуваме со инвестиции во здравството – надградба на хибридната сала на Клиника за државна кардиохирургија, единствена од ваков тип во државата и регионот

Министерот Алиу апелира: Граѓаните да пријават евентуални неправилности во врска со кардиолошките интервенции

Министерство за здравство: Две комисии ја проверуваа Стоматолошката комора, одлуката е донесена врз база на факти

Зголемени температури во следните неколку дена – да се почитуваат општите препораки за заштита на здравјето

Медицинско лице фатено како прима поткуп, Министерството за здравство бара истрага и ги повикува граѓаните да пријавуваат вакви случаи