Скопјанец усмртен од потпорен ѕид

Од:

Шеесет и осумгодишен скопјанец почина откако врз него се срушил потпорен ѕид од градежен објект лоциран на улицата „Дане Крапчев“ во Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, вчера во 9:00 часот на ул. „Дане Крапчев“ во Скопје, М.Т. (68) застанал до градежен објект, каде се изведувале градежни работи, со намера да поразговара со работниците. Притоа, се одронила земја од потпорниот ѕид и го потрупала, а М.Т. починал веднаш на местото на настанот.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски