ДПА/БТА
Велика Британија и Европската унија ќе се вратат на преговарачка маса за да продолжат да ги разгледуваат условите за Брегзит. ЕУ сака повеќе разјаснувања, но не очекува голем успех.
ЕУ ја повика Велика Британија да дојде на преговорите подготвена да разговара за суштинските прашања. ЕУ на почетокот на годинава објави редица документи во кои детално ги претставува своите позиции по ралични прашања, а Велика Британија објави серија документи во последните две недели.
Еве некои од клучните прашања кои досега се разгледувани:
Менаџирање и примена на договорот за разделба
Позицијата на ЕУ:
Би требало да се оформи заедничка комисија која ќе го гарантира дејствието на договорот за напуштање и да се занимава со непредвидени ситуации. Ако заедничката комисија не биде во состојба да постигне решение, прашањето може да стигне до Судот на ЕУ.
Велика Британија:
Судот на ЕУ не би требало да има директна улога во уредувањето на споровите. Владата бара механизам за уредување на споровите со што „максимално ќе се зголеми безбедноста за физичките и правните лица“ и ќе „ја почитува автономијата на правото на ЕУ и правниот систем на Велика Британија“.
Финансиска спогодба
Позицијата на ЕУ:
Би требало да има една финансиска спогодба со плаќање во евра, што ќе ги вклучува финансиските задолженија на Велика Британија кои произлегуваат од буџетот на ЕУ, стопирање на членството во сите органи и иституции на ЕУ и учеството на Велика Британија во конкретни фондови и инструменти. Документот ја содржи само методологијата за исплата на конечната сметка, но не и конечната сума.
Велика Британија:
Министерот за Брегзит, Дејвид Дејвис ветува дека ќе работи со ЕУ за определување на „праведно уредување на правата и задолженијата на Велика Британија како држава членка која напушта“.
Правата на граѓаните
Позицијата на ЕУ
Постоечките права на граѓаните на останатите 27 земји членки кои остануваат во ЕУ и Велика Британија би требало да бидат заштитени, вклучувајќи го и правото за добивање на постојано жителство. Договорот за напуштање треба да се однесува на граѓаните и членовите на Велика Британија и останатите 27 држави членки од ЕУ и членовите на семејствата кои се наоѓаат во Велика Британија или останатите 27 држави членки од ЕУ кон датумот за Брегзит, плус оние кои живееле таму пред тој датум и на кои можеби остварувале социјално осигурителна помош како и пензии.
ЕУ сака Судот на заедницата да има целосна јурисдикција по прашањата поврзани со правата на граѓаните.
Велика Британија:
Над три милиони граѓани на ЕУ кои живеат во Велика Британија ќе добијат заштита на својот „статус за престој“ и ќе се радуваат на истиот однос кој го добиваат бротанските граѓани во врска со здравствената заштита и други помоши. Но по Брегзит, тие ќе бидат предмет само на британското право, а не на јурисдикцијата на Судот на ЕУ.
Членовите на семејствата кои влегуваат во „одговорот на барањето за граѓанство на ЕУ“ пред Брегзит, ќе можат да се кандидираат за постојан статус по пет години. На луѓето кои ќе пристигнат по датумот на напуштањето, ќе им бидат дадени две години за да го „регулираат својот статус“.
Атомски материјали
Позицијата на ЕУ:
Брегзит исто така значи дека Велика Британија ќе ја напушти Европската заедница за атомска енергија (Евратом), чија цел е да настојува за безопасно искористување и распространување на атомската енергија во Европа. Велика Британија ќе треба да преземе задолженија за гаранција а ЕУ сака таа да гарантира дека сите атомски или слични материјали на нејзина територија се менаџирани согласно меѓународните стандарди.
Велика Британија:
Велика Британија сака да продолжи да работи во тесна соработка со Евратом и да „подготви терен за идни односи кои ќе бидат од полза на Обединетото Кралство и останатите 27 држави членки“. Таа ветува дека ќе ги одржи сегашните задолженија кон партнерите од ЕУ, и истовремено ќе работи за договори за атомска соработка со важни држави надвор од ЕУ, вклучувајќи ги САД, Канада, Австралија и Јапонија.
Продоложување на судски и административни процедури
Позицијата на ЕУ:
Излегувањето на Велика Британија од ЕУ не би требало да го лишува Судот на ЕУ и органите и институциите на заедницата од можноста да вршат процедури кои ја засегаат Велика Британија и британските жители, по прашања кои не се уредени по датумот на Брегзит.
Велика Британија:
Би требало да има јасна позиција за ситуацијата со незавршените британски правни дела пред Судот на ЕУ „за да се намали на минимум небезбедноста за физичките и правните лица.
Не би требало да му се дозволува на Судот на ЕУ да се произнесува по било какви британски правни дела, кои не биле заведени во судот пред датумот за Брегзит, „дури и кога фактите по делото настапиле пред напуштањето“.
Дејствувањето на институциите, агенциите и органите на ЕУ
Позициите на ЕУ:
Британските власти би требало да гарантираат дека секоја институција, агенција или орган на ЕУ кои можат да продолжат да ја вршат својата дејност во Велика Британија по нејзиното напуштање, ќе се користат со ист степен на заштита како и претходно.
Велика Британија:
Владата ветува дека ќе обезбеди привилегии и имунитети „за ограничен период по напуштањето“ за да и даде на ЕУ разумен рок во кој ќе ги заврши своите дејсности тука.
Стоки присутни на пазарот согласно правата на ЕУ пред напуштањето
Позицијата на ЕУ:
Стоките, кои се нудат на пазарот на Велика Британија и на пазарите на останатите 27 држави членки од ЕУ пред напуштањето, можат да продолжат да бидат таму. Тој принцип важи само за производни правила, а не за царински процедури. Исто така е неопходно двете страни да создадат механизми за следење и канали за комуникација за да се договорат заедно за стоки кои не се во содејство со тоа.
Велика Британија:
Стоките кои се на пазарот пред Брегзит, би требало да продолжат да се продаваат без какви дополнителни оптоварувања или ограничувања, со што ќе се избегне секакво дуплирање на судски процеси. Кога стоките се нудат со услуги, не би требало да има ограничување на понудата на тие услуги.