Преговорите за присоединување на Турција кон Европската унија треба да бидат прекинати поради актуелната политичка ситуација во земјата, изјави денеска министерот за надворешни работи на Данска, Андерс Самуелсен.
Во обраќањето пред членовите на парламентарната Комисија за надворешна политика, Самуелсен истакна дека ставот на данската Влада е да се прекинат преговорите.
– Продолжувањето на преговорите нема смисла, поради тоа што Турција постојано се движи во погрешна насока, рече данскиот министер.
Тој истакна дека Данска поддржува дијалог со Турција, но како членка на ЕУ. Официјален Копенхаген се залага за целосен прекин на преговорите со Турција. Според Самуелсен, треба да се испрати јасен сигнал до турските власти за потребата од почитување на човековите права и демократските принципи.
Опозициската Социјалдемократска партија на Данска објави дека целосно го поддржува ставот на Владата.