Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“ во Штип

Од:

Миграцијата, тероризмот, сајбер војните, европското право, говорот на омраза, безбедноста се дел од темите на кои денеска дебатираат 80 универзитетски професори на четвртата Меѓународна научна конференција „Општествените промени во глобалниот свет“, која се одржува на Правниот факултет при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Деканот на Правниот факултет Јован Ананиев најави дека на конференцијата се присутни универзитетски професори од Хрватска, Бугарија, Србија, Албанија и Русија, а дебатираат во четири области: право, политика, комуникации и општество. Тој смета дека универзитетските професори се тие кои можат слободно да дадат препораки за надминување одредени проблеми, со што им помагаат на политичарите не само за внатрешните, туку и за надворешното креирање на политиките.

– Тоа се индивидуални видувања на професорите околу значајни прашања. Некои заеднички сумирања на резултати не би можел конкретно да кажам. Но, некаков генерален заклучок е дека сепак постои криза во односите на западниот и источниот свет. Тоа се едни од по централните, попроблематични прашања со кои што ќе се соочува еве би кажал светот во иднина, рече Ананиев.

Татјана Дронзина од универзитетот „Свети Климент Охидрски“ во Софија Р.Бугарија, која е експерт по прашањата за безбедност и конфликт истакна дека за потпишаниот договор за доброседство меѓу Македонија и Бугарија јавното мислење во Бугарија не е единствено.

– Има партиите кои многу силно го поддржуваат потпишувањето на договорот и јас сум една од тие кои силно го поддржуваат потпишувањето на тој договор. Има и такви кои искажуваат сериозни сомневања за него. Но, јас мислам дека потпишувањето на договорот е задоцнет и се надевам дека меѓу нашите две земји ќе се применува тој договор. Мене ако ме прашате овде не станува збор за суверенитет, туку колку ние треба да соработување во делот на инфраструктурата, треба да градиме патишта, комуникации и да правиме планови за развој, вели Дронзина.

Меѓународна научна конференција на тема „Општествените промени во глобалниот свет“ е дводневна, а сите научни трудови ќе бидат објавени во зборник.

Би можело да ве интересира

Еден загина, неколкумина се повредени во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Јорданов: Повеќе сум згрозен, отколку што сум изненаден од кампањата која ја пласираат моите политички противници

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

Се повеќе деца и вработени од штипско средно училиште се затруени со јадење од сендвичара

Симптоми на труење од храна од сендвичарницата имаат 15 ученици од штипско средно училиште

Дино Мерлин настапи пред 100.000 луѓе во Штип

Предраг Петровиќ