Папа Франциско: Психоаналитичарка Еврејка ми разјасни некои работи

Од:

Папата Франциско изјави дека на 42-годишна возраст имал неделни сеанси со една психоаналитичарка Еврејка, која како што рекол, „му објаснила некои работи”.

– Таа беше добра, за шест месеци многу ми помогна, се зборовите на поглаварот на Римокатоличката црква од книгата која е напишана врз основа на неговиот разговор со францускиот научник Доминик Волтон.

Книгата „Политиката и општеството” е посветена на папата и ќе излезе овој месец.

Италијанскиот весник „Печат”, цитирајќи делови од книгата, пренесува дека папата одел кај дома кај психоаналитичарката.

– Еден ден, кога беше на смртна постела, ми се јави и ме повика. Не поради сакраментот за миросување, бидејќи беше Еврејка, туку за духовен дијалог, изјави папата Франциско.

Во таа книга, поглаварот на Римокатоличката црква зборува за својот однос кон жените, „комунистичката” страна на христијаните и „авантурата” во психоанализата.

Франциско во книгата зборува за прашања чувствителни за Римокатоличката црква, како што се секуларноста, отворањето на границите за мигрантите, свештеничките педофили, хомосексуалните бракови и односот на општествата кон исламот.

Папата на необичен начин ги навел и луѓето кои му значеле во животот, меѓу кои биле и жени.

– Му благодарам на Бога бидејќи во животот запознав вистински жени, рекол папата наведувајќи ја својата баба, мајка и сестра.

– Имав и симпатии во младоста. Контактот со жените ме збогати, рече папата и додаде дека сфатил оти жените на многу работи гледаат поинаку од мажите и дека е неопходно да се слушне и нивниот глас.

Франциско, чие световно име е Хорхе Марио Бергољо, стана папа во 2013 година, а претходно бил надбискуп во Буенос Аирес.

Би можело да ве интересира

Ватикан ги откри најновите информации за здравствената состојба на папата

Ана Ололовска

Папата им ги изми и бакна нозете на 12 млади затвореници

Ана Ололовска

Ватикан: Папата Франциско има тешка настинка

Ана Ололовска

Папата Франциск го осуди насилството во Израел и на Западниот Брег, повика на дијалог и потрага по мир

Ана Ололовска

Папата: Хомосексуалноста не е кривично дело, сите сме Божји деца

А1он

Италијанската премиерка во прва официјална посета на папата Франциск

Ана Ололовска