(ВИДЕО) Шилегов: Градот Скопје ќе добие нова локална власт посветена на граѓаните

Од:

„СДСМ, преку Владата што ја предводи, секојдневно покажува дека може да се работи домаќински, отчетно и во интерес на граѓаните.

После победата на претстојните локални избори тоа ќе го докажат и градоначалниците од СДСМ.

Скопје ќе добие нова услужна локална власт, подеднакво посветена и отворена за сите граѓани.

Како што покажавме дека зборот е збор за само 100 дена, ќе покажеме што значи нова политика и на локално ниво којашто за граѓаните на Скопје ќе донесе:

Подобра патна инфраструктура за поврзани и безбедни граѓани.

Побезбедена чиста вода и чист воздух за здрави граѓани.

Повеќе пари за граѓаните за подобар и полесен живот.

Вие, Граѓаните на Град Скопје најмногу од сите ги чувствувавте последиците од осумгодишното расипничко, криминално владеење кое освен на централно, беше главна одлика на ВМРО-ДПМНЕ и на локално ниво.

Додека голем дел од граѓаните на Скопје се уште немаат достојна патна инфраструктура, водоводна и канализациска мрежа, Коце Трајановски ги исполнуваше желбите на Никола Груевски и потроши милиони евра за мегакриминалниот проект Скопје 2014.

Додека скопјани секоја зима буквално се гушат од загадениот воздух, Груевски и Трајановски стихиски ги уништуваа дрворедите, парковите и сите зелени површини во градот.

Граѓаните на Скопје не заслужуваат нивниот град да го води продолжена рака на Никола Груевски.

Град Скопје има итна потреба од нова градска власт која што системски ќе го реши проблемот со загадувањето, ќе изготви и изработи модерни ефикасни и еколошки решенија во јавниот превоз, ќе го зголеми процентот на зелени површини во градот и ќе овозможи алтернативни извори на енергија.

На Скопје му треба градоначалник кој домаќински, одговорно и транспарентно ќе го троши буџетот исклучиво во интерес на граѓаните и тоа за нивни реални, потреби.

Градоначалник, којшто вистински ќе се грижи за нивната сигурност и безбедност.

Имам чест, задоволство, но и обврска да ја предводам борбата за промени на локалната власт во Скопје, во интерес на граѓаните на Скопје“, изјави Петре Шилегов, потпретседател на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД најавуваат закон за санкции за Вучиќ во Србија, дали Мицкоски мирно спие?

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Измените на Законот за странци нов доказ за вистината

(ВИДЕО) Димитријевиќ: Уставниот суд да ја поништи неуставната Резолуцијата, да го заштити Уставот и слободата на говор

СДСМ: ДПМНЕ–ЗНАМ со неуставна Резолуција сакаат да забранат дебата за вистината

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Реформи и консолидација во СДС може да има само со превземање одговорност и оставка на Филипче

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда