Николиќ: Да се урне споменикот во Прешево и тоа сред бел ден

Од:

Претседателот на Србија Томислав Николиќ  изјави дека државата мора да реагира и „на сред бел ден“ да го урне споменикот во центарот на Прешево посветен на припадниците на Ослободителната војска на Прешево, Медвеѓе и Бујановац, доколку тоа не го направат сами Албанците.

„Србија мора да реагира и Србија сигурно ќе реагира. Споменикот треба да го тргнат самите Албанци и нивните политички водачи на југот на Србија ако сакаат да покажат дека својот народ го водат кон подобар живот. Ако тоа не се случи, Србија треба на сред бел ден да го урне со таблата и да покаже дека такво нешто не е дозоволено со законите на државата“, рече Николиќ.

„Не може да се казнува човек кој има 0,2 промили алкохол во крвта и е потполно свесен или некој што поминал на црвено светло, а да им се простува на тие што ја руѓат државата и основните постулати затоа што биле многу“, изјави српскиот претседател.

„Па и криминалци може да има многу, но дали можат да ја победат државата“, праша Николиќ.

Тој истакна дека ја поддржува Владата на Србија во оној момент кога ќе ја донесе одлуката да се отстрани споменикот, тоа и веднаш да го направи.

„Подготвен сум на целиот ризик некој од домашната и светската јавност да ја нападне државата поради тоа. Тоа никаде во светот не е дозволено, па нема да биде дозволено ниту во Србија“, рече тој.

„Србија мора да покаже одлучност како што покажува во борбата против криминалот или инвестициите, така треба да постапи и кон ваквите наизглед безначајни работи. Ова сепак не е мала работа, се однесува на тоа дали злото се сече во корен или ќе се остави да расте?

 

Би можело да ве интересира

Нема настава во училиштата во Србија поради протест на просветните работници

(ВИДЕО) Таткото на Александар исчезнат на Кипар објави снимка, смета дека е пронајден неговиот син

Предраг Петровиќ

„Парадата на гордоста“ ги преплави белградските улици

Предраг Петровиќ

Николоски: Ќе се гради гасен интерконектор меѓу Македонија и Србија

Лекот „диклофен“ oд 50 милиграми на „Галеника“ е повлечен од аптеките во Србија

Горан Наумовски

Стопанската комора на Србија отвора претставништво во Скопје