Тим на Меѓународниот монетарен фонд предводен од предводен од шефот на Mисијата на ММФ за Македонија Јесмин Рахман, од денеска до 18 септември ќе престојува во Скопје со цел да спроведе годишен преглед на македонската економија.
Тимот на крајот од мисијата ќе објави прелиминарни заклучоци, а ќе изготви и целосен извештај што ќе се дискутира на состанокот на Извршниот борд на ММФ на датум што ќе биде дополнително определен.
Оие активности се дел од редовните набљудувања на Фондот на сите 118 земји членки, соопшти Канцеларијата на ММФ во Скопје.