Судот на ЕУ ја отфрли жалбата на Словачка и Унгарија против европската миграциска политика, потврдувајќи го правото на Брисел да бара од земјите-членки да примаат азиланти.
Судот, донесе пресуда дека Унијата има право да им наметне на националните влади да примат бегалци, главно од Сирија, врз основа на претходно дадените квоти.
– Судот ги отфрли жалбите на Словачка и Унгарија против привремениот механизам за задолжително преселување на кандидатите за азил, пишува во одлуката.
Миграцискиот механизам на ЕУ придонесе, Грција и Италија да ги избегнат последиците од бегалската криза од 2015 година.
Програмата, изготвена од Европската комисија, беше усвоена со мнозинство гласови од земјите-членки, и покрај спротивставувањето на поранешните комунистички земји, кои инсистираат на тоа дека во нивните општества не можат да интегрираат муслимански мигранти.
Предвидено е преселување на 160 илјади азиланти, од кои досега се преместени само 25 илјади.