Лидерот на СДСМ вечерва во интервју за Алфа телевизија кажа дека тој во понеделникот го пробил полицискиот кордон прв па ако власта најавува дека некого ќе апси за тоа, да не малтретира невини луѓе и да одат кај него.
Црвенковски рече дека тоа се случило во моментот кога слушнале дека обезбедувањето ги тепа пратениците на опозицијата. Целта рече тој, беше да влеземе во Собранието и да го спречиме тоа, а не да се тепаме со некоја друга група.
„Кој од ове работи што ги кажувам не е во интерес на државата, баравме да прекине хаосот што го практикува оваа влада, зашто за една година не и бега грчко сценарио. Цената сега не ја плаќаат министрите во Грција, цената на сета таа политика ја плаќа народот, наша обврска е да предупредиме тоа да не се случи. Но буџетот сега не е најголем проблем, Македонија веќе не е демократска држава, ние денеска имаме криминален буџет, донесен на криминален начин“, рече Црвенковски.
Трајко Вељановски, посочи тој, е ситна риба за да нареди нешто вакво, на крајот се ќе заврши на портирот. Јасно е, вели Црвенковски, дека сценариото може да е одобрено само од Никола Груевски.
„Тие се обидуваат да ја релативизираат целата работа, Груевски вели дека жали, потоа слушаме претседателот дека жали, а на крајот и Трајко Вељановски кој вели дека тоа било одлука на обезбедувањето. Тоа значи дека полицијата сама одлучува и имаме полициска држава. Груевски како по обичај се прави дека нема појма за ништо, после разбрал. Немаше информација за признавањето на Косово, не знаеше за амнестијата, рече пратениците изгласале. Тој ги има потпишано сите акти за ОКТА, па викаше јас не знам, не бев тука“, рече во интервјуто Црвенковски.
Некој од активностите опозицијата ќе ги најавува, некои нема, затоа што, вели Црвенковски, имаме власт што се користи со удбашки методи, значи во сабота ќе има протестен собир пред ВМРО-ДПМНЕ, зашто ние рече, сме партиско полициско држава. „Ако ВМРО-ДПМНЕ ја узурпишраше државата тогаш е логично е таму да протестираме“.
„Клучното прашање е што правиме со 2 милиони луѓе-целта е нормална слободна држава. Отворено кажувам, немам дилеми повеќе, не можеме да бидеме нормална држава со оваа власт“.
Црвенковски кажа дека опозицијата нема да оди на избори доколку ги организира оваа власт, зашто вели тие сигурно ќе бидат наместени. Дали ќе биде техничка, широка, било каква, не сме заинтересирани за власта во таква влада, туку само за гаранција дека изборите ќе бидат фер и слободни. Со ваков состав во владата, изборите ќе бидат однапред познати“, рече Црвенковски.
Одговорен премиер, рече Црвенковски, „немаше да си дозволи таква брука како во понеделникот, ова ќе влезе во историја, не во нашата, другите ќе не паметат по ова. Како око не им трепна, ликуваа, плаескаа, а денеска сами се прашуваа, сами си одговаара.
Лидерот на СДСМ кажа дека не бил на средбата со дипломатскиот кор денеска.
„Дипломатскиот кор беше на средба, не присуствував јас, беа поканети сите амбасадори на земјите членки на НАТО, на ЕУ, на ОБСЕ, на ЕУ мисијата како и на Светската банка и Меѓународниот монетррен фонд за да им се каже каде е прекршена процедурата и да им се презентираат сите материјали. Ова е време за отпор“, рече Црвенковски.
Проследете го интервјуто на претседателот на СДСМ, Бранко Црвенковски.