„Граѓанската иницијатива за заедничко и одговорно родителство по развод“ и „Граѓанската иницијатива за еднакви права на лицата со хендикеп и посебни потреби 5 до 12“ утре ќе потпишат меморандум за соработка.
На настанот, што го организираат двете граѓански иницијативи и Првата детска амбасада во светот „Меѓаши“, ќе стане збор и за моменталниот статус на законските промени кои ги засегаат двете иницијативи.