Заврши конкурсот за „Градски парк“ – пристигнати се 15 трудови

Од:

„Зарши конкурсот за избор на идејно решение за повеќенаменска спортска сала “Градски Парк“, кој го распиша Oпштина Центар.

По барање на архитектите, рокот беше продолжен и конкурсот траеше 60 дена.

Пристигнати се 15 трудови, а жири комисијата во состав: професор од архитектонски факултет, член на асоцијацијата на архитекти и тројца вработени во Центар, деновиве ќе ги оценуваат трудовите и јавноста ќе биде транспарентно известена. По ова, Општина Центар ќе организира изложба на наградените.

Добитникот на првата награда за избрано наградно решение ќе добие 300.000 денари, второнаграденото дело 180.000 денари, а третонаградениот 120.000 денари.

Комисијата ќе ги цени трудовите според однапред утврдени критериуми: оригиналност, креативност, инвентивност, функционалност, естетика.

Општина Центар ќе гради повеќенаменска спортска сала со капацитет до 3000 седишта, што ќе ги задоволи меѓународните стандарди за современо спортување на европско и светско ниво.

Ова е трет проект од ваков тип со кој се бираат најдобрите трудови и се мотивираат архитектите. Досега транспарентно, на конкурс, се избрани најдобрите трудови за новото основно училиште во Капиштец и за објектот „Езерце“, соопштуваат од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски