Кошаркарите на Србија ја победија Турција со 80:74 во дербито на групата Д од Европското првенство 2017.
За српскиот национален тим ова беше втора победа, додека за Турците кои се еден од четирите домаќини на шампионатот ова беше втор пораз по три одиграни кола.
Со максимален ефект во оваа група продолжува Русија која беше подобра од Белгија.
Резултати од 3.коло во Ц и Д групите:
Ц-група: Унгарија – Чешка 85:73, Црна Гора – Хрватска 72:76, Шпанија – Романија 91:50.
Табела: Шпанија 3-0 (победи-порази), Хрватска 3-0, Црна Гора 1-2, Унгарија 1-2, Чешка 1-2, Романија 0-3.
Д-група: Белгија – Русија 67:76, Летонија – Велика Британија 97:92, Србија – Турција 80:74.
Табела: Русија 3-0 (победи-порази), Летонија 2-1, Србија 2-1, Турција 1-2, Белгија 1-2, Велика Британија 0-3.
Во текот на денешниот ден ќе се играат натпреварите од 4.коло во сите четири групи.