Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ги обвини новинарите дека се „премногу заинтересирани за самите себе“ и додаде дека него не го интересираат новинарите, туку францускиот народ.
– Мене не ме интересираат новинарите, мене ме интересира францускиот народ, тоа мора да го сфатите, изјави Макрон како одговор на критиките дека премалку дава интервјуа.
Тој при посетата на училиште во источна Франција посочи дека медиумите треба да известуваат за 12 милиони деца кои се враќаат во училишните клупи, наместо да се интересираат за него.
– Но, новинарите имаат проблем. Премногу се заинтересирани за себе, а недоволно за земјата. Ајде да зборуваме за францускиот народ, истакна Макрон.
Тој пред изборите вети дека ќе се дистанцира од медиумите и ќе избегнува да биде „фатен“ во дневна политика, туку ќе работи на претставување на долгорочните визии за Франција.