Европа ги враќа вредностите од пред Втората светска војна, изјави турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу.
– Европа треба да престане да води популистичка политика. Европејците се одалечуваат од основните европски вредности и се враќа кон тие што беа на цена пред Втората светска војна, истакна Чавушоглу.
Тој уште додаде дека добрите односи помеѓу Турција и Германија се од полза за двете страни.