Прв училишен ден за 590 првооделенци во општина Центар

Од:

Исчекување, неизвесност и насмевки кај 590 првачиња во 7-те основни училишта во општина Центар. Интересот кај родителите да нивните деца почетокот на своето образование го стекнат токму во оваа општина е се’ поголем. Во изминатите 4 години, тој број е зголемен за 90 нови првооделенци, информираат од Општина Центар.

Учениците од училиштето “Коле Неделковски“, годинава како роденденски подарок, 60-ти по ред, добија подобри ислови за учење, со донација на „Филип Морис ТКП“. Заменети се старите подови, варосани се ѕидовите, има нови врати, реновирана е училишната библиотека, набавени се географски карти, смарт табли, нови клупи и столчиња за првачињата, лап топ-и и прожектори, а ќе се постави и ограда околу училиштето. Ова е денот кога сите се возбудени, рече градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски.

– Општина Центар вложува во развојот на образовниот процес и во нашата иднина, а тоа се децата. За растеретување на семејниот буџет, и оваа година на товар на општината, а не на родителите, ќе биде обезбедувањето, еднодневната екскурзија и средствата за хигиена. И годинава ќе бидат наградени најдобрите предметни и одделенски наставници, а стипендии ќе добијат најдобрите ученици, спортисти и деца од семејства со социјален ризик од сите седум основни училишта, рече градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски.

Генералниот директор на „Филип Морис ТКП“, Михаил Солтер ги повика и другите компании да го следат нивниот пример и да донираат за подобрување на условите во училиштата, бидејќи квалитетно образование е најважен столб на една држава.

Нови знаења, вештини и пријателства, претставниците од Општина Центар им посакаа и во сите други основни училишта, но и во најстарото основно општинско училиште, „Св. Кирил и Методиј“. Училиштето кое минатата година прослави 180 години од своето постоење, доби реконструиран приземен дел од објектот, нов хол, 4 реновирани училници. Дотраените подови од ламинат се заменети со нови од винилна подлога.

Општина Центар овозможи поквалитетен образовен процес и во основното училиште „11-ти Октомври“, санирани се две училници, молерисани се ѕидните површини, а обновени се и радијаторите и столаријата. Се изврши санација на два кабинети, по музичко и ликовно образование, а уништените подови од поплавата се заменети со нова винилна подлога.

Училиштето “Гоце Делчев“, преку доградбата, добива 4 нови училници и 3 помошни простории. Со реконструкцијата, училиштето има сутерен, приземје и два спрата, за многу подобри услови за квалитетно образование. За успешен почеток на учебната година, првачињата добија пригодни подароци од Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Нови пешачки патеки, декоративно осветлување и повеќе зеленило долж улиците, тоа е мојата визија, вели Герасимовски

Горан Наумовски

Лабудовиќ: Редарска служба, засилени полициски патроли и современ систем за безбеден Центар

Предраг Петровиќ

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Запалени возила низ Скопје, ноќеска гореше и во Кисела Вода и кај Зелен пазар

Катерина Ѓуровски

Деца во градинка во Центар пронашле наркомански шприц во дворот, ја кршеле иглата и се гребеле

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Општина Центар пропаѓа, Герасимовски и Филипче позираат пред евтини шминка мурали на запуштени згради