Тајванскиот премиер Лин Чуан денеска поднесе оставка од својата функција со цел на тој начин да ја оживее поддршката од јавноста кон Владата на претседателот Чаи Инг-вена.
Кабинетот на претседателот соопшти дека Лин вчера ја понудил оставката со образложение дека „ги извршил своите тековни задачи и среќен е што некој од него ќе го преземе тешкиот товар“, како и дека е подготвен да ги прифати критиките за неговата работа.
Според соопштението, претседателот Чаи Инг-вена ги прифатил причините за оставката.
Тајванските медиуми шпекулираат дека Лин секако ќе бил сменет, а дека на негово место ќе дојде, меѓу граѓаните омилениот градоначалник на градот Таинан, Вилијам Лаи.
Според последните истражувања на јавното мислење, популарноста на претседателот на Тајван е намалена за 70 проценти во однос на минатата година.