Петров: До крај ќе опстоиме во борбата за враќање на демократијата во Македонија

Од:

Секретарот на СДСМ, Андреј Петров во одговорот на отвореното писмо од генералниот секретар на ВМРО – ДПМНЕ, Кирил Божиновски му посочува дека со самиот факт што се потпишал на такво писмо, свесно застанува зад неговата содржина, и затоа чувствува општествена одговорност да му одговори.

Петров го прашува Божиновски дали некогаш се запрашал во кои државно општествени уредувања, генералниот секретар на партијата во исто време е и генерален секретар на Владата и кој друг во регионот организираше контра протести против опозицијата.

Според него, не само Република Македонија и граѓаните, туку и ВМРО – ДПМНЕ е заложник на мала група луѓе кои се познати во јавноста, а кои, пишува во одговорот на Петров, ја имаат окупирано целата власт, кои носат судски одлуки, го суспендираат Уставот, законите, процедурите, ја поништуваат парламентарната демократија.

Петров, меѓу другото, истакнува дека СДСМ до крај ќе опстои во нивната политичка борба за враќање на демократијата во Македонија.

– Тоа пред се е наша човечка обврска, заедно со граѓаните да му се спротиставиме, да го поразиме овој режим да ја спасиме и да ја вратиме Македонија на вистинскиот пат, се подвлекува меѓу другото во одговорот од Андреј Петров.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ