Четири лица повредени во сообраќајка на патот Куманово-Крива Паланка

Од:

Две лица се здобиле со тешки телесни повреди, а две со телесни повреди во сообраќајната несреќа што се случи денеска во 10.15 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка кај месноста викана „Чешмиче“.

Поради сообраќајката, патниот правец Куманово – Крива Паланка сеуште е во прекин, и возилата се уште се пренасочуваат кон стариот пат.

Според иформациите на МВР, во несреќата учествувале возила „тојота“ со косовски регистарски ознаки управувано од С.Ф и „рено меган со паланечки регистарски таблички управувана од 52 годишниот И.С,а со кој се превезувале С.С (46) и А.С (19).

Од кумановското одделение за хирургија информираат дека две лица се префрлени во Скопје, а едно лице по укажаната помош, е пуштено на домашно лекување.

Две лица од денешната сообраќајна несреќа се здобиле со тешки телесни повреди, но се надвор од животна опасност и префрлени се за понатамошно лекување во Скопје, а две лица се здобиле со телесни повреди. Едното лице е пуштено на домашно лекување, изјави, началникот на одделението за хирургија, д-р Методија Димковски.

Едното возило е отстрането од патот, а второто се уште е на магистралниот пат.

СВР Куманово по завршување на увидот ќе преземе соодветни мерки за утврдување на причината за настанување на сообраќајната несреќа.

Би можело да ве интересира

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози

СДСМ: Колапс на сообраќајот во Маврово и заглавени граѓани поради неспособноста на ВМРО-ДПМНЕ