(ВИДЕО) Шахпаска: Поднесени клучни закони од интерес на граѓаните

Од:

„Ветувањата што беа дадени пред граѓаните и за кои што гласаше мнозинството граѓани, стануваат реалност.

Работниците со ниски примања конечно ќе можат да користат субвенции за бесплатно летување. Ова значи дополнителна поддршка на туризмот. Ова е предвидено со ребалансот на буџетот и почнува со реализација од оваа година.

Пензионерите ќе добиваат зголемување и усогласување на пензиите по два основи и согласно закон:

-прво согласно зголемување на платите во државата
-второ согласно пораст на трошоци на живот. Усогласувањето ќе се прави два пати годишно и доколку мерките на новата влада доведат до повисок економски раст можно е дополнително зголемување до крајот на годината.

Работниците од текстилната, кожарската и индустријата за обувки ќе добиваат 12 000 денари плата. И ова ќе е загарантирана минимална плата за сите работници. Со ребалансот на буџетот веќе се обезбедени средства за исплата на новата зголемена минимална плата.

Проблемот со стечајците конечно ќе биде решен. Над 3000 стечајци ќе добиваат 7569 ден месечно. Ова за нив ќе значи редовен приход иисправање на децениската неправда што им беше нанесена.

Се укинува и радиодифузната такса. На овој начин дополнителни средства ќе останат во семејните буџети.

Сето ова е веќе преточено во закони кои се во собраниска процедура, што парламентарното мнозинство предводено од СДСМ ќе ги усвои во претстојниот период.

Воведувањето на дневната тарифа на евтина струја е веќе во процедура. Тоа значи 2 часа на ден од 14 до 16 часот евтина струја. Секој ден од 22 до 7 часот наутро и од 22 во сабота до 7 часот во понеделник евтина струја.

Република Македонија конечно доби одговорна влада и парламентарно мнозинство што работат одговорно, чесно и отчетно и во интерес на граѓаните.

Апелираме до сите пратеници во Собранието да ги поддржат овие законски измени предложени од парламентарното мнозинство предводено од СДСМ што носат придобивка за сите граѓани.

Заеднички и посветено да работиме во интерес на нашите граѓани“, изјави Јагода Шахпаска, пратеничка во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Аеродром не заслужува да изгледа како депонија, време е за промена со Александар Трајановски

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Трајановски: Аеродром се соочува со сериозни инфраструктурни предизвици

Герасимовски: Реконструиравме над 24 улици, безбедноста подигната на највисоко ниво

(ВИДЕО) Филипче: Павел Иванов е симбол на храброст и чесност, Штип заслужува лидер како него

Горан Наумовски

ЗНАМ до Герасимовски: Дали кандидатите за советници имаат право да градат без одобрение за градба

Герасимовски: Бесплатен оброк за сите ученици, родителите ќе заштедат 2.500 денари месечно