Претседателскиот Кабинет на Јужна Кореја соопшти дека највисоки безбедносни официјални лица од Сеул и Вашингтон разговарале по шестиот нуклеарен тест на Северна Кореја.
Кабиентот соопшти дека американскиот советник за национална безбедност Херберт Рејмонд Мекмастер и неговиот јужнокорејски колега Чунг Уи-јонг имале телефонски разговор што траел 20 минути.
Денешниот нуклеарен тест на Сверна Кореја е најверојатно најмоќниот што таа држава досега го извршила. Властите тврдат дека бил извршен тест со хидрогенска бомба.