ФРОДЕМ: Новата власт да не тактизира со ветувањето за исправање на неправдите

Од:

„ФРОДЕМ ја повикува новата власт да почне активно да се справува со последиците од недемократското авторитарно владеење. Покрај политичките приоритети во вид на добрососедски договори и мерки на градење доверба, меѓуетнички прашања и слично, паралелно треба ги решава прашањата поврзани со правдата и правичноста. Во оваа насока за поздравување е решавањето на заостанатите прашања поврзани со стечајните работници и денационализацијата.

Истовремено, новата власта треба да најде законски механизми за исправање на неправдите произлезени од монтираните судски случаи, но и последиците од злоупотребената лустрација. Секаде онаму каде има сериозни докази за кршење човекови права, неправда и противправно постапување, треба да се даде законска можност да се исправи. Впрочем, гаранциите за почитувањето на човековите права се клучен дел од Уставот на РМ и многу закони. Го почитуваме или не Уставот на РМ!?

Новата власт во документите посветени на правосудството, плановите и стратегиите јасно треба да се одреди кон ова прашање. И како однос кон минатото, кон неправдите, и како однос кон иднината со цел никогаш да не се повтори. Како јасен завет дека реформите значат реално враќање на демократијата и правдата. Во оваа насока вообичаено е секоја нова власт да даде и делумна амнестија, и како чин на милост и како чин на големина и поттик за ресоцијализација.

Ова, дополнително и поради тешките услови во затворите наведени во сите меѓународни извештаи.

ФРОДЕМ сака да ја потсети новата власт, но и сегашната опозиција, кои заеднички го донесоа Законот за специјалното јавно обвинителство, дека мисијата на овој орган е не само да гони, туку и да исправа неправди поврзани со прислушуваните разговори.

Ако досега приоритетна улога на СЈО беше гонењето, пред се поради краткиот рок за покренувања обвиненија, отсега СЈО јасно треба да се стави во функција на исправање на неправдите на кои укажуваат прислушуваните разговори.

Правдата е неделива. СЈО вистински ќе ја комплетира својата мисија и улога токму во овој правец, давајќи и шанса на правдата да важи подеднакво како што јасно е предвидено во Уставот и законите. Инаку, ја доведува во прашање уставноста на своето постоење и постапување.

ФРОДЕМ, сака да обрне внимание дека во Стратегијата за реформата на правосудството мора да се предвиди јасен механизам за меѓусебна контрола и баланс на моќта меѓу парламентот, владата и судството. Конкретно речено, Собранието мора да врши поактивна контрола врз судството.

Покрај разгледувањето на извештаите од Судскиот совет и Советот на јавни обвинители, треба да предвиди и надзорни расправи. Една од комисиите треба има и законодавна и особено надзорна улога во делот на правосудството. Не може прашањата од правосудството да се подведуваат под терминот „политички систем“, и соодветно наречената комисија“, се вели во соопштението на ФРОДЕМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

СДСМ: Владата ќе потроши над 350.000 евра за промовирање на својата работа преку бугарска фирма

СДСМ: Дрскоста е одлика на оваа Влада, колку ги чини граѓаните Дејвид Гета имате обврска да кажете!

Горан Наумовски

Владата тврди: Осомничениот возач зел 500 евра како дел од побараната награда од 1.500 евра

Горан Наумовски

30 дена притвор за возачот во Владата кој зема поткуп

МВР: Приведен e возач во Владата, фатен e со обележани пари

Горан Наумовски