Започна протестот на „Тврдокорни“

Од:

Здружението „Тврдокорни“ излезе на протестен марш за одбрана на загрозените македонски национални вредности.

Од Здружението претходно соопштија дека протестот го разбираат како собир за самоорганизирање како најдобро да се спротивставтават на внатрешните предавства и надворешните напади.

Сите сложно здружено во одбрана на македонштината за што побргу да ја добиеме оваа политичка војна пред да премине во нешто уште пострашно, повикаа „Тврдокорните“.

„Петтоколонашите одеднаш широко ги отворија вратите за влез на сите новообновени хегемонистички барања од соседните држави кон Македонија. Ни се закануваат со целосно освојување на нашиот национален простор. Ни се закануваат со менување на историјата класифицирајќи ја како подбугарска. Во сопствената држава спроведуваат и ни се закануваат со уште подлабоко подредување на албанското малцинство. Ни се закануваат со бришење на македонското име и сегашниот личносен идентитет. Ни се закануваат со претопување со бмногуројната исламска миграција… Закани санкционирани со судски казнувања. Казнувањето е веќе започнато со притворањето на македонските браќа кои во Собранието ги бранеа националната чест и Уставот на Македонија“, стои во соопштението од Здружението.

Би можело да ве интересира

Локалните жители ја блокираа депонијата Краста: Шест месеци сме го голгота

Илјадници Шпанци на улиците поради станбената криза: „Вака повеќе не може“

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Берлин се крена против АфД: Илјадници протестираа по изборниот триумф на десницата

Горан Наумовски

Северина застана зад граѓаните кои протестираат во Загреб

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Протест во Загреб: Отпадот во Госпиќ не е изолиран случај

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Започна „Маршот за Лика“ – „Предавството нема да го простиме“

Горан Наумовски