Премиерот Зоран Заев во официјална посета на Израел

Од:

Премиерот Зоран Заев со владина и бизнис делегација од денеска до понеделник ќе престојуваат во официјална посета на Израел, на покана на израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, соопшти владината служба за информирање.

Во состав на владината делегација, покрај премиерот Заев, се и вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, вицепремиерот и министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, како и министрите за економија и за земјоделство, шумарство и водостопанство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски. Со владината делегација, посочуваат од прес-службата на Владата, во рамки на оваа значајна посета на Израел ќе патуваат и повеќе бизнисмени и претставници на компании од различни индустрии од Македонија.

Официјалниот дел од програмата започнува утре кога премиерот Зоран Заев ќе оствари средба со претседателот на Израел Реувен „Руви“ Ривлин. Програмата продолжува со положување венец на меморијалниот споменик на жртвите од холокаустот Јед Вашем, по што ќе следува работен ручек со членовите на израелскиот Совет за надворешни работи на кој излагање ќе има претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев.

Предвидено е утре попладне делегацијата да го посети Инженерскиот акцелератор за иновативно претприемништво на Атобизраели Колеџот, како и неколку успешни старт-ап компании.

Првиот ден од официјалната посета на Израел ќе заврши со Македонско-израелски бизнис форум, кој ќе се одржи на тема „Интензивирање на бизнис и економската соработка меѓу Израел и Македонија“. На форумот излагања ќе имаат премиерот Зоран Заев, вицепремиерот Анѓушев, и министерот Бектеши. Форумот ќе завши со одделни средби и запознавања на македонските и израелските бизнисмени.

Како што информираат од Владата, во понеделник премиерот Зоран Заев ќе има работен ручек со премиерот на Израел, Бенџамин Нетанјаху. Официјалната програма за овој ден предвидува и средба со лидерот на опозицијата Исак Херцог.

За време на посетата, одделни средби со своите колеги од Израел, ќе имаат и министрите за внатрешни работи, за економија и за земјоделство, шумарство и водостпанство.

Денеска веднаш по пристигнувањето, во агендата на посетата на владината делегација на Македонија на Израел е предвидено присуство на фудбалскиот натпревар Израел-Македонија.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Владата молчи за исклучувањето на дијаспората од пресметување на бројот на населението

Владата засега не е расположена за зголемување на минималната плата

Човекот на фотографијата што ја објави Лефков, не е приведениот за подметнување пожар, реагира СДСМ

Катерина Ѓуровски

Возачот-потпалувач бил со Заев кога ги носеше „бомбите“ во СЈО, ВМРО-ДПМНЕ со фотографија тврди му бил близок

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека уапсениот за подметнување пожар е шофер на Заев: Возеше инспектори, не сум го видел од 2016 одговара екс премиерот

ВМРО-ДПМНЕ: Владата продолжува со инфраструктурен развој на државата