Манифестација „Охридска софра“ во Скребатно

Од:

Во организација на Секторот за туризам и локален економски развој при Општина Охрид денеска во излетничкото место Скребатно ќе се одржи годинешното издание на традиционалната манифестација „Охридска софра“.

Голем број учесници, мајстори – готвачи ќе учествуваат на манифестацијата со свои производи, препознатливи за охридскиот крај, а во рамки на настанот и оваа година ќе се одржи и натпревар во приготвување на специјалитетот ѓомлезе.

Манифестацијата ќе започне во 9 часот, а во 11:30 часот предвидена е дегустација, оценување и прогласување на победниците на натпреварот, за кои се обезбедени парични награди. За добрата забава ќе се погрижи ансамблот „Билјана Јуниор“.

За граѓаните кои сакаат да ја проследат манифестацијата локалната самоуправа организира бесплатен превоз до селото Скребатно. Тргнувањето е во 9:45 часот од пред „Охридска Банка“ и во 10 часот од пред Домот на културато во село Лескоец.

Манифестацијата „Охридска софра“ се организира во насока на промовирање на традиционалните вредности на охридскиот регион и развој на алтернативните форми на туризам што може да ги понуди овој крај.

Би можело да ве интересира

АХВ: Три ресторани и месарница во Кавадарци пласирале небезбедна храна

Горан Наумовски

АХВ: „Атлантик Штарк“ повлекува бисквити поради можност за присуство на надворешно тело

Дурмиши: Ќе има намалување на цените на основните прехранбени производи

AХВ: Откриена е небезбедна храна во месарница и во супер маркет во Скопје

Горан Наумовски

Јајца Л класа, суџук, пудинг од чоколадо: Што ќе се јаде во охридскиот затвор годинава

Понижување на лекарите и на пациентите – цела ноќ дежурство со една кифличка за вечера

Анита Петровска Рајковиќ