Груевски: Владата не е фокусирана на економијата

Од:

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски денеска ја критикуваше Владата дека не е фокусирана на економијата во која област смета дека има назадување.

Груевски при посетата на населени места во општина Гази Баба изјави дека со статистичките податоци за индустриското производоство и просечната плата се потврдиле укажувањата на ВМРО-ДПМНЕ оти има сериозни ризици за назадување во економијата.

– По намалувањето на просечната плата доаѓа и до намалување на економијата или поточно на индустриското производство за 2,2 процента, што укажува дека нашите апели и укажувањата оти има сериозни ризици за назадување на економијата дека се исправни и дека работите во тој дел, во делот на екомномијата, на движењето на платите, на индустриското производство не одат во добар правец, изјави Груевски, одговарајќи на новинарски прашања.

Според претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владата не е фокусирана на економијата и, како што наведе, немаат доволен интерес да ги продолжат добрите трендови во оваа област.

Има, посочи, влошувачки тренд, односно паѓа индустриското производство и нивото на просечната плата. – Оттука нашите апели до власта да остане фокусирана како што ние бевме фокусирани на отворањето на нови работни места, што како и еден од најголемите и најгорливите проблеми на граѓаните останува и понатаму, рече Груевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче во раководството има само верни слуги на Заев

(ВИДЕО) Лефков: Аврамовска Мадиќ не може да е ново лице во СДС

ВМРО-ДПМНЕ: Аврамовска Мадиќ ја интересираат само големи месечни хонорари и местење милионски тендери

Стојаноска: 250 милиони евра годишно ќе одат за општините, а СДС додека беа на власт камче не фрлија

Влен: За враќање на Груевски, претставници на ДУИ, СДСМ и Пендаровски во март се сретнале во Вила Водно