„Ништо ново од СДС во ресорот замјоделие. Чисто политиканство без конкретни нови мерки и преземени активности за решавање на проблемите кои ги тиштат земјоделците. Фалби со „туѓо перје“!
Николоски со ништо не може да го прикрие фактот дека скрати 387 милиони денари од буџетот за земјоделие. СДС е временска непогода за македонското земјоделие. Граѓаните знаат што сработил ВМРО-ДПМНЕ, а што СДС.
Кога Николовски зборува за зголемениот увоз на прехранбени производи тоа го прави еднострано и без да дообјасни, а веројатно и не знае, што се влегува во таа структура и што се влијае на зголемувањето на увозот. При што не го кажува фактот дека со политиките на ВМРО-ДПМНЕ во минатиот период РМ оствари рекордно зголемување на извозот на земјоделско прехранбени производии, зголемувајќи го за три пати во однос на она што вие оставивте во 2006 година.
Николовски не кажа ништо ново за субвенциите. Николовски кога зборува за субвенциите треба да знае дека тие го исплачаат она што владата на ВМРО-ДПМНЕ го започна во 2006 година кога СДС остави пустош во македонското земјоделство, безмалку без никакви политики и буџетски подршки. СДС само исплаќа она што беше планирано и проектирано: по програми, мерки и со претходно дефиниран буџет. СДС нема креирано ниту една нова мерка. А за тоа кога велат дека ќе ги делат субвенциите на „вистинските земјоделци“, веројатно мислите само на членовите СДС. ВМРО-ДПМНЕ никогаш не ги делел земјоделците по никаква основа, најмалку по партиска, туку ги почитувал членовите 13 и 14 од Законот за земјоделство и рурален, за пристап кон мерките на аграрната политика за сите оние што ги исполнуваат условите: рамноправно и на целата територија на РМ.
Окрупнувањето на земјоделското земјиште е проект кој многу пред СДС да помисли на земјоделството го започна Владата на ВМРО-ДПМНЕ, за кој обезбеди проекти, буџет и изготви Закон, имено законот за консолидација на земјоделско земјиште од 2013 година, а формиран е и сектор во рамките на министерството.
СДС се фали со пректитеи успесите на ВМРО-ДПМНЕ. Реонизацијата е проект кој што го подготви и договори претходно Владата на ВМРО-ДПМНЕ, како пакет на проекти кои ќе бидат подржани од ФАО заедно со веќе реализираниот за изработката на педолошката карта, а реонизацијата е како последователност на педолошката карта.
Срамота е СДС да зборува за шумскиот фонд, граѓаните веќе видоа како го штитите, илјадници хектари опожарени шуми, додека вие бевте некаде на далечни плажи, а владата дејствуваше хаотично.
Николоски зборува за работи и сектор кои на СДС не им се познати. Земјоделците ги омаловажувавте. Вашата партија со потсмев ја именуваше владата на ВМРО-ДПМНЕ како земјоделска влада. Ние од тоа не се срамевме. Напротив горди сме што работевме за земјоделците. Горди сме што им овозможивме силна буџетска подршка, што им изградивме институции за нив и што донесовме многу закони во нивна полза. Ние продолжуваме да бидеме со земјоделците.
СДС за нивната катастрофална политика и неработа ќе бидаат казнети од граѓаните на претстојните локални избори на 15 октомври“, се вели во реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Љупчо Николовски.