Градоначалникот на Општина Велес, Славчо Чадиев денеска оствари средба со претставници на спортските клубови кои се формирани и во најголем дел финансиски подржани од Општината.
На средбата присустуваа претставници од Градскиот Ракометен Клуб „Борец“, Градскиот Одбојкарски Клуб „Борец“, Градскиот Боксерски Клуб „Борец“, клубот кој се уште е во фаза на формирање Градскиот Кошаркарски Клуб „Борец“, како и Александар Табаков директор на ЈП за стопанисување со спортски објекти „Парк Спорт“.
Како што информира градоначалникот Чадиев, тие разговарале и се договарале за почетокот на новата сезона, плановите, потребите, очекувањата и целите кои ги имаат клубовите во претстојниот период.
– Преку финансирање на спортските клубови Општина Велес има за цел да формира Спортско Друштво „Борец“ кое очекувам да стане бренд на градот и препознатливо име во државни и меѓународни рамки, најави Чадиев.