А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Честитка од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод Курбан Бајрам

by А1он01/09/2017 - 14:01241
Share0

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски по повод муслиманскиот празник Курбан Бајрам упати честитка до поглаварот на Исламската верска заедница реис ул улема хаџи сулејман ефенди Реџепи, членовите на Ријасетот, муфтиите, имамите и на сите верници од исламската вероисповед во Република Македонија.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Хуманоста и меѓучовечката љубов се симболите на овој празник. Верниците кои денес празнуваат нека ги споделуваат вредностите на простувањето и солидарноста, бидејќи овие универзални вредности се темелот на традицијата која на овие простори се одржала низ вековите. Љубовта и подадената рака кон својот ближен, роднина, сосед и пријател го прави нашето општество подобро и ги зацврстува врските меѓу луѓето. Вредностите на толеранција, разбирање и меѓусебна помош кои нашите предци ги пренесувале од колено на колено се доказ за богатството на нашето мултикултурно и мултиконфесионално општество кое е градено низ годините и кое секој од нас е должен да го почитува и да го пренесува. Само така ќе продолжиме да градиме заеднички живот во Македонија, темелен на почитување и заеднички напредок, стои во честитката од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Нека празничните мигови, се вели во честитката, донесат радост, бериќет и успеси на секој верник, но и среќа и надеж за подобро утре на секој граѓанин во нашата заедничка татковина, затоа што радоста и бериќетот на нашиот пријател или сосед е радост и просперитет за секој од нас. Нека Ви е честит Курбан Бајрам, порачува Грувски во честитката.

dpmnekurban bajram

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче лажеше дека Бугарија не го негира нашиот идентитет, за министерката за надворешни работи на Радев сме ,,северномакедонци”

Катерина Ѓуровски12/05/2026 - 10:00

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Катерина Ѓуровски10/05/2026 - 13:13

Мециновиќ: СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ саботираат една изборна единица

Катерина Ѓуровски07/05/2026 - 14:07

Панова: Стратегијата на претходната влада не донесе во ќорсокак со евроинтеграциите

Катерина Ѓуровски26/04/2026 - 15:45

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Катерина Ѓуровски14/04/2026 - 11:10

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Катерина Ѓуровски31/03/2026 - 13:18
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Крипто