ВМРО-ДПМНЕ: Нови болнички возила нема, нови болници нема, а ги нема ни парите на граѓаните

Од:

„Едно возило на брзата помош чини околу 50.000 евра со комплетна опрема. Во изминативе три месеци, неспособната влада на СДС на чело со Заев од девизните резерви и од распишаните аукции на државни хартии расипнички потроши 350 милиони евра.

СДС со овие пари можеше да набави дури 7.000 болнички возила кои ќе спасуваат животи и ќе им беа од корист на граѓаните.

Нови болнички возила нема, нови болници нема, а ги нема ни парите на граѓаните.

Енормните задолжувања што ги прави расипничката и неодговорната власт на СДС не им носат ништо добро на граѓаните. Ова е време кога болниците стануваат синоним за страв и ужас, а граѓаните ги плаши и самата помисла на лекар додека здравството тоне во очај и мизерија.

Здравството запаѓа во катастрофална состојба поради неспособноста на СДС и Таравари а последиците и штетите ги трпат пациентите.

СДС и Таравари треба да сносат одговорност за неспособноста, која чини човечки животи.

Секојдневно умираат новороденчиња на Клиниката за гинекологија, а СДС и Таравари смислуваат беспредметни соопштенија за замајување на јавноста.

Додека секојдневно умираат новороденчиња на Клиниката за гинекологија СДС и Таравари смислуваат сооштенија до јавноста како наводно се било во ред и било постапено по сите протоколи и правила.

Уште колку смртни случаи се потребни за Таравари и СДС да сфатат дека мора да понесат одговорност и да си одат?

Таравари и Заев поставија за директори криминалци, митаџии и луѓе со сомнително минато кои единствена цел им се нивните бизнис интереси. Со министерот за трагедии Таравари и Заев нема добри денови за македонското здравство и затоа колку побрзо си заминат толку подобро ќе биде за сите зошто во спротивно пациентите ќе трпат огромни штети, а Македонија ќе брои изгубени животи.

Заради ваквата неодговорност, неработа и безчувствителност граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Антикорупциската платформа на СДСМ се вика М.И.Ц.К.О

Катерина Ѓуровски

СДСМ денеска го бира новото раководство

ВМРО-ДПМНЕ, ВРЕДИ и ЗНАМ поднесоа „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата“ за мигрантите

ВИДЕО: СДСМ бара Антикорупциска да го испита потеклото на парите на Томовски и донациите во ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

СДСМ утре ќе го бира новото раководство