Руската федерална служба за безбедност (ФСБ) објави дека уапсиле двајца припадници на Исламска Држави кои планирале напад во регионот на Москва на 1. септември, денот на почетокот на школската година.
– Еден од приведените, во пресрет на Денот на знаењето (1 септември) на интернет објави видео порака до членовите на терористичката организација Исламска држава, во која дава т.н. заклетва за верност на терористите. Во неговиот телефон се пронајдени контакти со регрути од оваа организација и упатства за планираното злосторство, се наведува во соопштението.
Вториот осомничен на ФСБ им признал дека планирал да изврши самоубиствен напад, а полицијата пронашла експлозивна направа од домашна изработка.