ВМРО-ДПМНЕ: Владата на СДСМ се однесува расипнички и ја става иднината на граѓаните и државата на коцка

Од:

ВМРО-ДПМНЕ испрати писмено соопштение, реакција на реакцијата на СДС во врска со прес конференцијата на Златко Перински.

„СДС продолжува да ги манипулира граѓаните.

Финансискиот систем по доаѓањето на СДС на власт е на стаклени нозе.

СДС најави во вторник уште едно ново задолжување за нови 27 милиони и 600 илјади евра.

За 3 месеци, владата на СДС успеа да се задолжи над 170 милиони евра и од државните резерви стопи цели 177 милиони евра, а нема ниту еден проект што е реализиран или започнат со реализација. Тоа се над 350 милиони евра, за кои никој не знае каде завршиле и каде треба да завршат.

Владата на СДС и Заев се однесува расипнички и ја става иднината на граѓаните и државата на коцка.

Заев и неговата криминална врхушка ќе одговараат за ваквото неодговорно и расипничко однесување со парите на граѓаните. Граѓаните ќе го казнат СДС на претстојните локални избори на 15-ти октомври“ се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ