Средба Заев – Коѕијас: Затворање на прашањата низ меѓусебно разбирање за интерсите на двете држави и на народите во нив

Од:

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, придружуван од министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска се сретна со министерот за надворешни работи на Република Грција, Никос Коѕијас.

Во пријателскиот состанок, којшто помина во пријатна и конструктивна атмосфера, премиерот Заев и министерот Коѕијас изразија заедничка определба за продлбочување на довербата помеѓу двете страни, низ принципиелни односи и меѓусебна грижа за интересите на двете држави и на народите во нив.

-Само позитивен пристап во решавањето на отворените прашања меѓу државите, со меѓусебно почитување и разбирање, е иднината на регионот“ рече премиерот Заев.

Претседателот на Владата, Заев потенцираше дека новата Влада е фокусирана на развивање добрососедски односи, на европските вредности што се имплементираат низ отпочнатиот реформски процес, временски дефиниран во Планот 3-6-9, како и на активности важни за членството во НАТО, како што е престојното зголемување на буџетот на Армијата, со цел реализација на стратешките цели на државата, интеграцијата во ЕУ и во НАТО.

-Ако Република Македонија се придвижи напред, тоа ќе биде добро и за целиот регион“, рече премиерот Заев.

На средбата, од двете страни се потенцирани заложби за соодветни решенија за прашањата од заеднички интерес, за евро-атлантските перспективи на целиот регион.

„Ве поддржуваме во евро-атлатските аспирации. Сакаме стабилност во регионот и во вас гледаме добар сосед. Ние припаѓаме на мирољубиви држави. Република Грција нема геополитички и геостратешки интереси кон вашата земја. Отворени сме за ефикасно затворање на проблемите, кои некогаш може да значат и недоразбирања, преку респектирање на интересите на двете држави“, соопшти грчкиот министер за надворешни работи, Коѕијас.

Министерот Коѕијас, како чин на добра волја за продлабочување на соработката меѓу двете земји понуди размена на искуства и експертизи во реформскиот процес во нашата држава, важен за ЕУ и за НАТО.

На средбата се разговараше и за унапредување на економската соработка, како и на соработката на полето на туризмот, енергетиката, образованието, културата, инфраструктурното поврзување.

Договорено е да продолжат посетите на високи политички нивоа во процесот на градење на довербата меѓу државите, што ќе биде дополнително охрабрување за развојот на пријателството меѓу граѓаните и соработката меѓу компаниите, како и работа на заеднички проекти значајни за квалитетот на живот на граѓаните во двете земји.

Би можело да ве интересира

Пратениците не изгласаа недоверба на српската Влада

Горан Наумовски

Левица: Ако економијата расте, зошто Владата постојано зема нови кредити?

ДУИ: Три странски инвеститори си заминаа за две години, Владата да каже колку работници останаа без работа

ВИДЕО: Големиот шумски пожар на грчки остров е надвор од контрола, наредена е евакуација

Во Атина уапсен маж кој планираше со бомба да убие екс обвинител

А1он

Српски туристи казнети со 150 евра во Грција – двете деца врзани со појас, третото не

А1он