ВМРО-ДПМНЕ: Граѓаните очекуваат плата од 16 илјади како што ветуваа Заев и СДСМ, а не 12 илјади

Од:

„СДС уште еднаш ги излажаа граѓаните. СДС пред изборите ветуваа минимална плата од 16 илјади денари а сега се обидуваат да се оправдаат зошто од септември нема да може да исплатат и минимална плата од 12.000 денари.

Приоритетите на неспособната и неодговорна влада на Заев се јасни. Треба првин да се задоволат апетитите на српските мешетари и естрадни менаџери, како и апетитите на твитерџиите и соросовите револуционери, па ако на крај остане време ќе им се посветат и на граѓаните. Треба првин да се истурка партиско-политичката агенда на Заев, па ако остане време ќе размислат и за минималната плата. На сите им стана јасно СДС креира само хаос и неизвесност.

Граѓаните не очекуваат 12.000 денари минимална плата туку 16.000 како што Заев и СДС ветуваа пред изборите.

Граѓаните очекуваат 30.000 денари просечна плата како што ветуваше за време на предизборната кампања, а не намалување на просечната плата во јули.

ВМРО-ДПМНЕ кога ја предводеше владата покажа како треба одговорна влада да се грижи за работниците и работничките права. Минималната плата која се донесе во тој период значително го подобрија стандардот и животот на работниците.

Неспособноста на антиреформска влада на СДС почнува да излегува на виделина. Толку се неспособни и некадарни што не успеаа ниту нивните најголеми ветувања да им ги исполнат на граѓаните.

Во овие 3 месеци не успеаа да направат апсолутно ништо со цел да им го подобрат животот на граѓаните. Министерот за задолжување Тевдовски и Заев досега ја има задолжено Република Македонија со 350 милиони евра. Иако се распишуваат нови аукции на државни хартии од вредност, граѓаните не гледаат никаков бенефит од тоа. Граѓаните од оваа влада наместо реформи видоа само долгови.

Граѓаните очекуваат дека СДС ќе ги исполни ветувањата за да овозможи нови 64.000 работни места и просечна плата од 30.000 денари, минимална плата од 16.000 денари, а пак докторите очекуваат плата од 100.000 денари.

Граѓаните ги препознаваат овие штетни политики кои служат само за партиски вработувања на СДС. Јавноста добро знае како и на кој начин се трошат нивните пари.

Одговорност за ваквите штетни политики мора да има.

СДС на 15-ти октомври ќе се соочи со јасен одговор од страна на граѓаните на Република Македонија“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Придонесот на СДС за ЕУ е раздвојување на Албанија од Македонија, за чии интереси работи Битиќи?

(ВИДЕО) Лефков: СДС како власт ги користеле институциите за испумпување на пари преку тендери

ВМРО-ДПМНЕ: Орбан го пукна балонот на СДС, парите за кредитот се европски, а не кинески

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е гејша за сите што не ѝ мислат добро на Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска повторно демонстрира неверојатна способност за исчезнување кога советниците поставуваат прашања

(ВИДЕО) Лефков: Генералниот секретаријат на влада во време на СДС и ДУИ исплатил 23 милиони евра без основ