Ирачкиот премиер Хајдер ал Абади, кој е и главен командант на вооружените сили на земјата, денеска прогласи победа над џихадистичката група „Исламска држава“ во градот Тал Афар и целата провинција Ниневија.
– Тал Афхар е ослободен, изјави Абади во обраќањето, емитувано на телевизискиот канал „Ал-Мајадин“.
– Ние им порачуваме на борците на ИД: каде и да сте, ние ќе ве пронајдеме и немате друг избор освен да се предадете или да умрете, истакна ирачкиот премиер.