ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски ќе остане запаметен како најнеуспешниот градоначалник

Од:

„Андреј Жерновски и СДС во овие 4 години откако се на власт во општина Центар потрошија околу 100 милиони евра, а граѓаните не видоа сериозни проекти сработени за ова време.

Расипничкото и неодговорното работење на Жерновски се покажа на виделина.

Жерновски е типичен пример како не треба да изгледа еден градоначалник.

Граѓаните освен тоа што не видоа сериозни проекти, сведоци се и на намаленото ниво на хигиена во општината за разлика од пред 4 години.

Сакаме да ги потсетиме Центарци на следното:

Пред околу 4,5 години, пред да стапи на функција градоначалник на општина Центар, Андреј Жерновски во својата програма за работа го напиша следното:

„Неопходно е организирано, систематско и континуирано општинско интервенирање заради подигање на квалитетот на комуналните услуги на едно пристојно ниво, соодветно на потребите и имиџот на општина Центар“.

Сега, после 4 години од ова негово ветување, сакаме да ги прашаме граѓаните:

– Дали е подигнат квалитетот на комуналните услуги во општина Центар од страна на градоначалникот Андреј Жерновски?

– Дали е подобрен имиџот на општината во однос на хигиената и комуналните услуги?

Многу граѓани изразуваат негодување од тоа што за разлика од пред 4 години, сега општина Центар е многу понечиста на местата каде општината треба да се грижи.

Доказ за тоа е и оваа локација, Зелено пазарче, каде може лично да ја видиме состојбата на дело.

Исто така, пред една година градоначалникот јавно го истакна следното:

„Општината се обврзува дека ниту еден дел од Центар нема да им избега на водата и четките од машините, тоа значи чист Центар дење и ноќе, на цела територија, 365 дена во годината“.

Јавно од ова место го информираме Градоначалникот:

Господине Градоначалник Жерновски, ова место Ви избега од водата и четките од машините. И не само ова место. За жал во Центар има многу вакви места. Центар е многу повалкана општина откако вие дојдовте на власт.

Пред избори многу се ветува, а кога ќе се добие довербата, некој квалитетно заборава на ветувањата.

Граѓаните знаат да ги препознаат ваквите лажни ветувања и штетни политики на Жерновски и СДС.

Жерновски ќе остане запаметен како најнеуспешниот градоначалник.

Поради ваквото неработење и неодговорност кон граѓаните ќе има казна.

Центарци нема повеќе да дозволат да бидат излажани.

Затоа на 15-ти октомври Центарци ќе кажат НЕ на Жерновски, на СДС и на нивните штетни политики“, изјави Сашо Трпески, советник во Општина Центар.

Би можело да ве интересира

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар

Герасимовски го посети штандот на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“: Информативни табли со QR-код за брзо плаќање

Шанса за Центар: Вистината за планот за Треска, наместо 1500 ќе се населат 5000 жители

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Николоски: Со Лабудовиќ како иден градоначалник на Центар ќе најдеме решенија за сите проблеми во Маџир Маало

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Богдановиќ: Сообраќаен хаос во Капиштец, 150 градилишта, а иста инфраструктура

Горан Наумовски