Кривопаланечките пензионерки се подготвуваат за Пензионерска олимпијада

Од:

Пензионерките од Крива Паланка, членки на активот на жени пензионерки, активно се подготвуваат за Државните пензионерски спортски игри кои ќе се одржат во сабота, 2 септември, во Кочани.

Четиричлена екипа од Здружението на пензионери Крива Паланка ќе настапи во дисциплината фрлање на кош, во која се актулени прваци од минатата година.

– Ги интензивиравме подготовките деновиве, но вежбаме активно речиси цело лето. Ќе се натпреваруваме во фрлање на кош, откако бевме најдобри на регионалните игри. Возраста не е пречка, а енергијата и волјата надополнети со спортски дух можат да поместат и планини. Ние, поместувајќи ги границите на својата доба, трета доба и пензионерски дни, сакаме да им послужиме како пример на помладите, да бидат активни постојано, рече Анка Стојановска, претседател на активот на жени пензионерки и капитен на тимот.

Покрај Стојановска, во тимот ќе настапат Шана Георгиевска, Вера Богдановска и Рушка Митовска.

– Годинава се подговтуваме со уште поголем елан и желба, со надеж дека ќе ја одбраниме титулата, дополни Стојановска.

Секретарот на Здружението на пензионери од Крива Паланка, Благоја Николовски посочи дека минатата година по одличниот успех на пензионерките, но и второто место на државно ниво на пикадо-тимот, донесена била одлука за доделување парични награди за спортистите кои освоиле медали до пензионерските олимпијади, како стимул за останатите пензионери до двете општини, околу 3.000 на број.

Олимпијадата за пензионери ќе се одржи во сабота, а домаќин е Здружението на пензионери од Кочани.

Кон крајот на септември кривопаланечките пензионери ќе настапат во седум дисциплини на ревијалните спортски регионални игри, кои ќе се одржат во Пробиштип.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

СДСМ: Mицкоски ги излажа пензионерите, нема зголемување на пензиите за 5.000 денари како што ветуваше

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година