Вардар и Којашевиќ спогодбено се разделија

Од:

Фудбалскиот клуб Вардар и Дамир Којашевиќ, се договорија за спогодбен раскин на договорот, со што црногорскиот интернационалец ќе може да бара нов клуб каде ќе ја продолжи кариерата, соопшти денеска македонскиот шампион.

Којашевиќ дојде во Вардар во јануарскиот преоден рок во 2016 година, и за Вардар одигра 50 натпревари на кои постигна 13 голови. Којашевиќ зад себе запиша 40 настапи во првенството, седум во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, и три во Купот на Македонија.

– Вардар му се заблагодарува на Којашевиќ за заедничката соработка во овие 1,5 година, и му посакува многу успех во новиот клуб, соопштија од таборот на „црвено-црните“.

Би можело да ве интересира

Вардар повторно има нов тренер

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Пелистер славеше над Вардар и го закова на дното

Комити бараат новиот газда на Вардар да го смени Миленко Неделковски

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Новоматик Македонија ќе го финансира ФК Вардар со еден милион евра годишно

Катерина Ѓуровски

Комити им се заканија на Арсовска и на Славески: Исплатете ги парите или ќе се радикализираме

ФК Вардар доби свој дом во Аеродром, пуштен во употреба новиот фудбалски терен наменет за младинската школа на клубот

А1он