Авион на „Бритиш ервејз“ кој летал од Лондон за Дубаи, принудно слетал на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул поради проблеми со моторот.
Патничкиот авион Боинг 777-200 слетал принудно во Истанбул поради истекување масло од моторот. Пилотот остварил врска со контролната кула на аеродромот „Ататурк“ со барање за дозвола за приземјување.
Авионот слетал во 3.10 часот по локално време, а 228 патници биле сместени во хотел.