Најдобриот македонски ракометар Кирил Лазаров позираше со новиот дрес на Нант, неговата нова екипа. Лазаров беше еден од тројцата избрани кои ја промовираа новата опрема на францускиот клуб кој ќе игра во групната фаза на Лигата на шампионите.
Македонецот е едно од најголемите засилувања во европскиот ракомет и тоа го покажа уште во подготвителниот период во кој Нант освои три турнири, еден во Германија и два во Франција.
Екипата на Тјери Анти во новата сезона ќе дебитира на 1 септември во полуфиналето на Лига Купот против Монпеље.
Првиот меч во францускиот шампионат Лазаров во дресот на Нант ќе го одигра против новиот прволигаш Маси.