Регионалната комора со седиште во Велес во рамки на Стопанската комора на Македонија денеска организира состанок на кој ќе се разговара за прашањата за креирање на подобра бизнис клима и за развој на економијата во велешкиот регион.
На состанокот на покана на Стопанската комора на Македонија ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.
Се очекува на состанокот да стане збор за перспективите на велешкото стопанство во новите проекти на Владата, за активностите поврзани со проектот за изградба на патот Велес – Прилеп, искористеноста на ИПА фондовите, како и за барањето за редовен поврат на ДДВ во законски предвидениот рок.