Нападнато обезбедувањето на „Горска“

Од:

Рано утрово околу четири часот е нападнато лице вработено како обезбедување во објектот на „Горска“, на улицата „Шарпланинска“ во Општина Ѓорче Петров.

Според МВР, лицето пријавило дека разбојништвото го извршиле три непознати лица. Еден од сторителите со кундак од пиштол го удрил во главата, по што паднал на земја. Насилниците потоа му го одзеле паричникот во кој имал лични документи, околу 3.000 денари, мобилен телефон и клучеви од магацините на „Горска“ по што побегнале во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.

Би можело да ве интересира

МВР на поклон доби 23 мотоцикли „Piggio“ и комплетна опрема за возачите

МВР ќе ги информира граѓаните за новите правила при патување во ЕУ за да нема застои на премините

МВР уапси три лица барани со потерници за издржување затворски казни

ВМРО-ДПМНЕ: Панче Тошковски го суспендира командирот од Ропотово, Даница Чадиева од СДС преку Второстепена го враќа

Полицајци земале поткуп од странци, па им фингирале документи дека влегле или излегле од Македонија

(ВИДЕО) Кузеска: Скандалот во МВР со испитниот центар смрди на корупција!