Центар: Прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ – очајни обиди за политички поени

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ, соочени со убедливиот пораз на 15 октомври, повторно пред општина Центар презентираат лажни вести за градоначалникот на Центар Андреј Жерновски.

Потсетуваме дека во досегашниот четиригодишен мандат, Жерновски гради основно училиште, изгради комплетно нова градинка, реконструираше бројни улици, инвестираше во инфраструктурата и зеленилото. Обновуваше стари и дотраени фасади со нови енергетско ефикасни, изгради современи детски игралишта и отвори нови скверови, сето тоа со средства од сопствениот буџет на општината без никава владина помош.

Желбата за власт и лесно богатење е пракса на ВМРО-ДПМНЕ, затоа и ја разбираме потребата секојдневно да излегувате на прес конференции со лажни информации.

Што се однесува до обвинувања дека се трошеле општински пари за патувања, ги замолуваме да разговараат за тоа со нивниот претходен градоначалник Владимир Тодоровиќ, бидејќи тој најдобро ќе им разјасни како се прави тоа.

Податоците од исплатите за службени патувања покажуваат дека новата администрација потрошил 750.000 денари, што е за 14 пати помалку од трошоците на ВМРО-ДПМНЕ чија сметка изнесувала фрапантни 10.450.000 денари.

Што се однесува пак до лажното обвинување за патувањето на Андреј Жерновски во Париз, потсетуваме дека јавноста беше информирана а воедно и беа објавени фотографии од остварената средба и разговорите на градоначалникот на општина Центар Жерновски со заменик градоначалникот на Париз, Кристоф Најдовски, како и со директорот за Балкан при Министерството за надворешни работи, Гијом Русон.

Оттука, прес конференциите на ВМРО-ДПМНЕ се очајни обиди за собирање на политички поени. Андреј Жерновски во својот прв мандат докажа дека работи единствено и во служба на граѓаните, највалиден доказ за тоа е реализацијата на прокетите без помош од централната власт.

Граѓаните ова го видоа и го препознаа, што и ќе се докаже на 15-ти октомври“, се вели во реакцијата на Општина Центар на прес конференцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Прва работилница во Општина Центар од кампањата на „Макпетрол“ против врсничкото насилство

„Шанса за Центар“: Шверцерски вметнати нови објекти во ДУП-от за Стара железничка станица

Горан Наумовски

Утре во Скопје ќе има протест и марш, МВР со посебен сообраќаен режим

Горан Наумовски

Општина Центар затвори нелегално градилиште на булеварот „Никола Карев“

„Шанса за Центар“ предупредува: Повторно со техничка исправка на план ќе се гласаат два ката плус спроти стара Градска болница

Маја Илиевска-Пачемска

Комисија од Центар ги запишува покривите што летаа во невремето и поплавените простории