Во Велес изложба на Петра Јовановска и Валентина Илијевска

Од:

Во Ликовниот салон во Велес синоќа беше отворена изложбата „Круг и квадрат“ на академските ликовни авторки Петра Јовановска и Валентина Илијевска.

Како што појасни Елица Николова директор на велешкиот Народен музеј која зборуваше за изложбата, над 30-те дела коишто се презентирани на изложбата, се работени во комбинирана техника со нагласена употреба на колажот, графиката и дигиталниот принт.

– Двете авторки ги претставуваат своите концепти и истражувања во рамките на современиот визуелен израз базиран на дигиталната технологија и геометризирана структура, движејќи се по скалата од симплифицирани решенија до сложено структуирани композиции, потенцира Николова.

Изложбата се реализира во соработка со Музејот на град Велес и НУ Центар за култура „Трајко Прокопиев“ од Куманово којшто е организатор и координатор на проектот.

Петра Јовановска е родена во Јесеник, Чешка, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек Графика. Има реализирано голем број самостојни изложби и учествувано на повеќе групни изложби и колонии во земјата и странство.

Валентина Илијевска е родена во Скопје, живее во Куманово, дипломирала на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, отсек Графика и графички дизајн. Магистар е по конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Има реализирано голем број на самостојни изложби и учествувано на групни изложби и колонии во земјата и странство.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп се одржа „Прилеп фото фест“

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски