ВМРО-ДПМНЕ: Рашковски и Заев ја злоупотребуваат власта и вршат притисок врз вработените во државните институции

Од:

ВМРО-ДПМНЕ со писмено соопштение реагира на прес-конференцијата на генералниот секретар на Владата на Република Македонија, Драги Рашковски.

„Драги Рашковски длабоко загази во криминал. Драги Рашковски си го ангажираше сопствениот кум да ги врши валканите работи за него. За тоа го плаќа со пари од буџетот. Никој не знае во која постапка и од кого е одбрана токму канцеларијата на неговиот кум да ги спроведува правните работи на генералниот секретаријат на Владата, иако истиот располага со правна служба која исто така е платена од буџетот. СДС спроведува тортура врз вработените во јавната и државната администрација. Владата на дело го реализира ветеното од Заев за јадење на живи луѓе.

Рашковски и Заев ја злоупотребуваат власта и вршат притисок врз вработените во државните институции.

Рашковски смислено им се заканува на вработените во државната администрација, со цел истите да ги избрка за на нивно место да постави партиски послушници и шарени активисти.

Владата на СДС и Рашковски за да отворат места за партиските послушници и кадрите од невладиниот сектор кои одработија за Заев прави директен удар врз припадниците на помалите етнички заедници кои се вработени во тие институции, како турската, српската, бошњачката, ромската и влашката заедница.

Заев и Рашковски мислат дека вечно ќе останат на власт и дека можат да прават се што сакаат без за тоа еден ден да се соочат со одговорност.

Заев и Рашковски, и сите нивни соработници и соизвршители во криминалните дејанија треба да знаат дека одговорност за незаконското работење ќе има и мора да има. Со враќањето на демократијата и правната држава во Република Македонија, секој еден прекршител на законот ќе биде изнесен пред независен суд, и против него ќе се поведе законска и правична постапка, со цел добивање на соодветна кривична санкција за криминалот кој го сторил“ се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Паднаа лагите на Филипче и СДС – нема ништо незаконски во прославата за 8 Септември

Горан Наумовски

Левица: Брутална партизација на Државната второстепена комисија – ДПМНЕ ја претвори независната институција во партиски штаб

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: 35 години откако македонскиот народ ја потврди желбата за независна Македонија

(ВИДЕО) Кузманоска: СДС остави слаб економски раст, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ носи континуитет

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Борба против криминал е апсење на вработен кој се обидел да земе мито